Водителката на Оскарите тврди дека организаторите ја цензурирале: „Имав полоши шеги од Крис“

popara6 април, 20221min00
emi-shumer-oskar-830x0

Една од водителките на овогодинешните Оскари, Ејми Шумер, откри дека организаторите дури ѝ забраниле да кажува некои шеги.

Ејми, која е и комичарка, истакнала дека некои нејзини шеги биле полоши од онаа поради која Крис добил шлаканица.

– Не знам што да кажам за Оскарите. Навистина не знам. Организаторите цензурираа и некои мои шеги. Една од нив требаше да биде: „Не гледај нагоре“ е насловот на филмот? Би било подобро „Не гледај низ цевката на пушката на Алек Болдвин“ – откри Шумер.

Нејзе ѝ било забрането да кажува шеги за Џо Роган, како и за обвинувањата за сексуална злоупотреба против актерот Џејмс Френко.

Инаку, по инцидентот на Оскарите, Шумер се огласи на својот Инстаграм профил и го пофали Крис.

– Сè уште сум трауматизирана. Го сакам мојот пријател Крис и мислам дека го истрпи тоа како професионалец – заклучила Ејми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma