Шкотска е навистина магична земја и секогаш ни се чини дека нејзините природни убавини и особености не се доволно нагласени. Затоа, доколку сакате да ја запознаете оваа земја без да ги посетите само Единбург и Глазгов, би било одлично да ги посетите следните места!
Самовилските базени на островот Скај
Скај е романтичен остров опкружен со планински врвови со неверојатни пејзажи. Базените од бајките се всушност поврзани водопади со кристална вода и се сметаат за идеално место за духовно исцелување. Кога ќе ги видите, станува јасно зошто се верувало дека во него се капеле самовили.
Рослин капелата
Бројни теории на заговор се поврзани со оваа капела од 15 век лоцирана во близина на Единбург. Денес го обожаваат романсиери и филмски режисери затоа што зрачи со мистична енергија. Внатрешноста на капелата е покриена со симболи и знаци поврзани со масони, пагани, темплари и раните христијани и е тема на полемики на историчарите.
Финич Глен
Тоа е клисура опкружена со мов, на чиј крај има карпа со морничаво име – Ѓаволска проповедалница. Местото е полно со приказни за друидните обичаи и паганските ритуали, а служеше и како амбиент за серијата Outlander.
Гленко
Планинскиот Гленко е место со тешко минато испреплетено со убиства и предавства – егзекуцијата на кланот Мекдоналд во име на новоизбраниот крал се случила таму во 1691 година. Легендата вели дека нивните духови сè уште лутаат тука и понекогаш се слушаат нивните фантомски гајди.
Престолот на кралот Артур
Изгаснатиот вулкан лоциран на крајот од Кралската милја во Единбург, некои веруваат дека е местото на Камелот, кралството на кралот Артур и неговите витези на тркалезната маса. Друга легенда вели дека карпата е всушност змеј кој изел толку многу што заспал и се претворил во камен.