Спанаќот содржи неколку различни хранливи материи. Содржи многу калциум, железо и е полн со витамини од Б комплексот.
Меѓу нив се и фолатите: шолја варен спанаќ обезбедува 66 отсто од фолатите од препорачаниот дневен внес, шолја варена блитва само четири отсто.
Спанаќот има и рибофлавин, цинк и манган, како и мала количина на омега-3 масти.
Состојки:
1 кромид
мешавина од суви зачини
200 гр замрзнат спанаќ
100 мл павлака за готвење
сол
лук во прав
пакување њоки
Подготовка:
Најпрво треба малку да го пропржите кромидот, а потоа да го додадете замрзнатиот спанаќ. Потоа додадете малку вода и оставете да врие неколку минути.
Кога водата ќе испари додадете го кремот за готвење, а додека го подготвувате сето сварете ги њоките кои ќе ги додадете во сосот.
Измешајте сè, додадете малку суви зачини, малку сол и лук во прав.