Минатиот септември најбогатиот човек на светот Илон Маск ја раскина врската со канадската пејачка Клер Бушер, многу попозната под уметничкото име Грајмс. Самото нивното раскинување беше големо изненадување за светската јавност, бидејќи богатиот и познат магнат со 16 години помладата ѕвезда неколку месеци претходно доби син, на кој му дадоа многу необично име.
Бебето беше наречено X Æ A-Xii од парот (откако тие првично сакаа да го викаат X Æ A-12), а прекарот на момчето е, накратко, X.
Нивното последно појавување во јавноста беше на местото каде првпат се појавија заедно, на познатата Мет Гала, а Маск тогаш потврди дека Грајмс и тој „раскинале“.
– Раскинавме, но сепак се сакаме, често се гледаме и имаме одлична врска. Таа во моментов е со мене, а бебето Х е во друга соба – откри тогаш Маск.
Thank you so much. @Vanity Fair for putting me on the cover!!!! @DevinGordonX (Thread-ish) 🧝🏻♀️🧬🪐 pic.twitter.com/AMrbBTOKCR
— 𝔊𝔯𝔦𝔪𝔢𝔰 (⌛️,⏳) ᚷᚱᛁᛗᛖᛋ (@Grimezsz) March 10, 2022
Меѓутоа, оваа двојка криела нешто, а тоа е дека во дадениот момент на раскинување чекале бебе! Во меѓувреме, нивното семејство стана побогато со уште еден член, бебе кое го доби (исто така необичното) име Exa Dark Sideræl, скратено Y.
Всушност, Грајмс ова го откри исклучиво за Vаnity Fair, а девојчето е родено од сурогат мајка во декември 2021 година. Иако се шпекулираше дека Илон Маск е во врска со актерката Наташа Басет, се испостави дека тој во меѓувреме се смирил со Грајмс, а додека се појавија информациите дека имаат ќерка, тие повторно раскинале. И сите се збунети од необичниот развој на ситуацијата! Претпоставуваме дека сето ова е нормално во семејствата на милијардерите …
Me and E have broken up *again* since the writing of this article haha, but he’s my best friend and the love of my life, and my life and art are forever dedicated to The Mission now, I think Devin wrote that part of the story rly well. Sique – peace out
— 𝔊𝔯𝔦𝔪𝔢𝔰 (⌛️,⏳) ᚷᚱᛁᛗᛖᛋ (@Grimezsz) March 10, 2022
– Па, повторно раскинавме до моментот кога излезе ова интервју (во Венити Фер), но тој е мојот најдобар пријател и љубовта на мојот живот – изјави Грајмс на Твитер.
Инаку, малиот Х е осмо дете на Маск. Од првиот брак има уште пет сина, а првиот син му починал како бебе.