Спиете помалку од 5 часа секоја ноќ? Го доведувате вашето здравје во ГОЛЕМА ОПАСНОСТ, велат експертите

11 март, 20220
Budjenje

Предуслов за добро здравје е квалитетниот и ненарушен сон кој трае од 7 до 9 часа дневно, а голем број луѓе за да ги завршат сите секојдневни обврски го скратуваат времето кое е неопходно да се посвети на овој вид одмор.

Секој сон што трае пократко од горенаведеното е стрес за вашето тело, што влијае на различни сегменти од вашето здравје.

Еден од тие сегменти е имунитетот. Истражувањата заклучија дека спиењето 5 часа или помалку го зголемува ризикот за здравјето на телото и подложноста на вируси и болести кои тие ги предизвикуваат за дури 15 проценти.

Неопходно е да се разбере врската помеѓу спиењето и имунолошкиот систем.

Додека сте будни, вашиот мозок и тело користат невротрансмитери како врска помеѓу нервниот систем и имунолошкиот систем. Невротрансмитерите се произведуваат во телото за време на спиењето и затоа пократкото спиење значи намалено производство на невротрансмитери.

Така, оптималната способност на имунитетот се намалува со пократок сон, што е клучно за да се надополнат резервите на невротрансмитери.

Освен тоа, важно е да се знае дека телото за време на спиењето произведува повеќе цитокини и леукоцити (бели крвни зрнца), кои се ефикасни во борбата против болести и инфекции. Според тоа, лошиот сон предизвикува намалување на двата борци против инфекцијата, што го става на ризик општото здравје.

Викторија Глас, доктор по медицина и медицински истражувач, рече дека недостатокот на сон го прави човекот поподложен на настинка и обичен грип.

Ако веќе сте болни, ќе ви биде корисно да заспиете, бидејќи спиењето му помага на телото побрзо да закрепне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi