Во тренд е облека со јарки бои: 5 комбинации во кои ќе доминирате оваа зима

popara24 јануари, 20221min00
moda-bunda-devojka-naocare-sesir-830x0

Зимскиот стил на облекување е препознатлив по слоевите и темните бои кои преовладуваат во секоја комбинација на облека. Знаеме дека боите можат да влијаат на расположението, па дизајнерите и креаторите направија облека во светли бои кои им пркосат на зимата и студеното време.

Капути, џемпери, здолништа, штикли, чанти…, сето тоа е обоено во летни бои како жолта, портокалова, сина, розова…

Доколку сакате да ги обоите вашите зимски комбинации, а не знаете како да носите светли бои, тогаш, веруваме, следните комбинации ќе ви ја разбудат фантазијата и инспирацијата.

1. Неонска чанта

Доколку сакате да бидете модерни оваа сезона, збогатете ја вашата гардероба со парче во неонска боја. Не е важно дали се работи за фустан или здолниште, чанта или чевли – вашиот стајлинг ќе биде совршен со силни бои.

2. Портокалова јакна за секој ден

Оверсајз јакните се голем моден тренд во последните две години, а оваа сезона најчесто можеме да ги најдеме во светли бои како оваа. Можете да го носите за секоја пригода, а идеална е за секој ден, бидејќи на секоја комбинација ќе и даде посебна нота.

3. Теди капут што ја разбива монотонијата

Светло розова и црна боја се две крајности кои совршено се комбинираат. Доколку сакате еднобојни комбинации, но сепак сакате да внесете малку свежина во вашиот стајлинг, тогаш овој капут е создаден за вас.

4. Комбинација на бои

Оваа комбинација е идеален показател за тоа како можете да „помирите“ три сосема различни бои и во исто време да изгледате како филмска ѕвезда. Портокаловите панталони во комбинација со смарагдно зелен џемпер и црвена чанта се полн погодок и пример како можете да ги соберете омилените летни бои во зима.

5. Обоена крзнена јакна

Жолтата е стандардна летна боја и боја на сонцето, но изгледа совршено и во зимската верзија. Со оваа јакна не мора да размислувате за детали и накит, само комбинирајте ја со облека во неутрални тонови и ќе изгледате беспрекорно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma