Врската помеѓу витаминот Д, магнезиумот и килограмите е поважна отколку што мислите

popara1 април, 20221min00
Screenshot_2

Вежбањето и исхраната имаат значајна улога

 

 

Во последните две години се повеќе се зборува за важноста на витаминот Д. Една од причините е зајакнувањето на имунитетот, поради што фактот што дури 42 отсто од населението има недостаток од овој витамин е разорувачки.

 

– Недостатокот на витамин Д настанува поради недоволно изложување на сончева светлина, но има и некои други причини – изјави фитнес инструкторот Никола Кргиќ.

 

– Магнезиумот и витаминот Д се во посебен однос. Кога на телото му недостасува овој минерал, тоа може да влијае на намалената апсорпција на витаминот Д дури и ако доволно се сончате.

 

Нашиот соговорник наведува дека има уште една причина зошто има недостаток на „сончев“ витамин:

 

– Луѓето кои се дебели имаат значително помала способност да произведуваат витамин Д. Губењето на тежината, заедно со правилната исхрана и вежбањето може да ја подобри ситуацијата.

 

Кргиќ потсетува дека витаминот Д е хипосолубилен витамин, односно витамин растворлив во масти. Го има во храна која е богата со здрави масти како лосос, туна, јајца…

 

– Понатаму, витаминот Д игра значајна улога во регулацијата на калциумот и фосфорот во крвта, два основни фактори за одржување на здравјето на коските. „Попопуларната“ улога на витаминот Д е да го намали ризикот од грип. Имено, истражувањата покажаа дека витаминот Д има заштитно дејство од вирусот – вели Кргиќ и потсетува дека најдобар начин да се добие доволна доза на витамин Д е изложување на сонце од 20 до 30 минути.

 

– Сончањето се поврзува со подобро расположение, бидејќи помага во производството на хормонот на среќата серотонин. Вежбањето позитивно влијае и на расположението. Иако најголемиот дел од дефицитарните витамини и минерали може да се внесат преку суплементација, сепак се препорачува да се обезбедат преку природни извори, односно преку храна, сончање и физичка активност – заклучува Кргиќ.