Ги носат во безброј комбинации: Панталоните за кои полудеа светските трендсетерки

1 февруари, 20220
334809_kendaldzenerprofimedia0608235185_ff

Меѓу брендовите кои ги маѓепсаа познатите трендсетерки во последните години, без сомнение еден од омилените е The Row, зад кој стојат познатите актерки и близначки Ешли и Мери-Кејт Олсен.

За многу кратко време оваа куќа ги освои срцата на најпознатите вљубеници во модата, па во нивните парчиња секојдневно ги гледаме познатите личности, а една од нив особено ги воодушеви во последно време – панталоните за кои пишуваат модните портали се најпрофитабилната инвестиција.

Станува збор за панталони со низок струк и широк крој, кои имаат остри набори и се многу удобни. Ваквите две модели најчесто гледаме на познати девојки, а Џенифер Лоренс, Меган Маркл, Рози Хантингтон-Вајтли и најголемата обожавателка на The Row, Хејли Бибер избраа панталони наречени Игор.

Станува збор за модел направен од лесен материјал – верзии се достапни во проѕирен памук, свила и лен, што е толку цврст што има јасна силуета.

Другиот модел е Фиби, зимска варијанта на овие панталони изработени од мешавина од вискозна волна, а во нив неодамна е видена и Кендал Џенер.

Kendal Džener

Познатите убавици овој модел најчесто го комбинираат со кроп топови, а Хејли Бибер неодамна беше видена облечена во моделот Игор со краток џемпер во иста боја и кафена кожна јакна со ревери со shearling текстура.

Hejli Biber

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi