
Не постои личност која во одреден момент не експериментирала со шишки.
Резултатот е често ист; додека сте на фризер, фризурата ви изгледа феноменално, но кога ќе се обидете сами да ја стилизирате фризурата, исходот е далеку од очекуван.
Се разбира, никој нема време или пари да посетува фризер секоја недела, па додека не пораснат шишките, шнолите и венчињата стануваат ваши најдобри пријатели.
Проблемот е особено забележлив на „завеса“ шишките кои го покриваат челото до веѓите. Не можете да им го дадете волуменот каков што може фризер, а тие се премногу кратки за да се спојат со остатокот од вашата коса.
Познатиот стилист Ендрју Бартон откри дека постојат неколку начини да се забрза растот на шишките.
Ако шишките ви паѓаат на лицето, а не можете да ги поставите да стојат настрана како што тоа го правел вашиот фризер, се што ви треба е лак за коса. Ендрју советува да го испрскате на влажна коса и да ги обликувате шишките на едната страна, а потоа да ги обликувате со тркалезна четка на страна додека не се исушат, за да добиете волумен.
Како што растат шишките, се потешко е да се обликуваат, бидејќи едноставно се повеќе и повеќе излегуваат и отстапуваат од планираниот изглед. Ендрју советува да ги подигнете тогаш. Според него, треба да користите додаток, како што е шнола.

Избегнувајте обични, пластични шноли. Ендрју вели дека тренди и впечатливи модели периодов ви се најдобри пријатели и дека со нив ќе постигнете одличен изглед.
Исто така, редовното одење на фризер, според Ендрју, всушност помага шишките да растат побрзо.
Дополнително, се препорачува додека чекате да ви пораснат шишките, да ја намалите употребата на пегла за коса, а доколку веќе ја користите, претходно испрскајте од спрејовите за заштита од топлина.
Ќе помогнат препаратите на база на рузмарин, како што се чајот и маслото, како и техниките за масажа на скалпот.