
Холивудската актерка Аманда Сејферд откри дека сега жали што не се одбранила од притисокот да се соблече пред камерите на почетокот на нејзината кариера.
Имено, како што истакна во едно од интервјуата, сега жали за разголените сцени кои ги снимила на само 19 години.
– Имам 19 години, шетам без долна облека. Како дозволив да се случи ова? Знам зошто. Имав 19 години и не сакав никого да налутам и само сакав да си ја задржам работата – изјавила Аманда во интервју за Портер.
Аманда ја започна својата кариера во сапунски опери појавувајќи се во „As The World Turns“ и „All My Children“ во раните 2000-ти, а славата ја стекна во 2004 година со „Mean Girls“, по што нејзината кариера вртоглаво расцвета.
Актерката со сопругот Томас Садоски со кој се омажи во март 2017 година ги има петгодишната ќерка Нина и двегодишниот син Томас и е многу активна на социјалните мрежи каде споделува бројни семејни фотографии и моменти од нејзиниот приватен живот.