Гордата Анџелина: Нокс е вистински мал господин! (ФОТО)
17 август, 20220
Најмладиот син на Анџелина, 14-годишниот Нокс, ги демонстрира манирите на вистински џентлмен.
Холивудската актерка и продуцент, како и секоја мајка, отишла на шопинг со синот во Лос Фелиз, Калифорнија. По излегувањето од продавницата, торбата полна со потребните работи ги носеше никој друг туку младиот Нокс.
Со овој гест момчето ги освои срцата на пошироката јавност, докажувајќи ја својата скромност и покрај холивудското потекло, но пред сѐ бонтонот на вистински маж.
Гордата мајка, насмеана, одеше покрај нејзиниот син.