Готов за 10 минути, без печење: Лажен тирамису кој ќе стане вашиот нов омилен десерт!

20 февруари, 20220
tiramisu-2048x1365

Нема подобри колачи од оние кои се прават брзо и се состојат од неколку едноставни и достапни состојки.

Тирамису е омилена торта за многумина, но доколку не сте расположени да барате сирење маскарпоне, кое е составен дел од него, лесно можете да најдете замена.

Состојки:

– бисквити, 200 гр
– слатка павлака, 500 мл
– кафе, 200 мл
– крем сирење, 150 гр
– шеќер, 2 лажици
– какао, 2 лажици
– екстракт од ванила, 1 лажица масло

Подготовка:

Во сад истурете ја слатката павлака, екстрактот од ванила и шеќерот и мешајте со миксер додека не се згусне. Потоа додадете го крем сирењето и продолжете да мешате додека не се соединат сите состојки.

Потопете ги бисквитите во изладеното кафе и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Потоа врз бисквитот намачкајте половина од претходно подготвениот фил.

Врз него наредете го вториот ред бисквити, па додадете го остатокот од филот.

Оставете го колачот во фрижидер да се стегне филот. Кога ќе се стегне, посипете со какао.

Целиот процес на подготовка на оваа вкусна, кремаста торта погледнете го во видеото што следи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi