Го загрозувате своето ЗДРАВЈЕ: Лекарите предупредуваат зошто не треба да го местите креветот веднаш штом ќе се разбудите

21 мај, 20220
Krevet

Важно е да му дозволите на душекот да „дише“ некое време.

Иако од мали нозе сме научени да бидеме средени и да го местиме креветот веднаш штом ќе се разбудиме, лекарите тврдат дека тоа е голема грешка.

Ова е особено точно во текот на летото кога многу повеќе се потиме.

Експертите велат дека на лето во постелнината се акумулира многу влага и пот. Всушност, просечниот возрасен човек губи 285 мл течност секоја вечер.

Соодветно на тоа, во потоплите месеци кога температурата е повисока, потребно е пред да се намести креветот да се „откријат“ што повеќе душеците за да „дишат“.

Така ќе испари влагата што се акумулирала на душекот во текот на ноќта.

Доктор Каран Раџ ги советува своите следбеници да престанат да го местат креветот веднаш штом ќе станат.

– Престанете да го местите креветот наутро, ќе бидете поздрави поради тоа – вели Каран.

– Ако веднаш го наместите креветот наутро кога ќе станете, ќе ги заробите грините кои се насобрале таму во текот на ноќта. Овие микроскопски штетници, кои се помали од милиметар, се хранат со лушпите на човечката кожа и влажните места се најпогодни за нивно размножување – објаснува тој.

– За време на спиењето телата се загреваат, а понекогаш и се потат, што ги прави мета за хранење со грини – додава Раџ.

– Покрај тоа, грините на креветот ќе остават секрети кои можат да предизвикаат алергии и астма. Така, местењето на креветот наутро ја задржува целата влага во креветот и обезбедува дом за 1,5 милиони од овие микроскопски злобници – наведува тој.

– Наместо тоа, оставете го креветот непокриен некое време. Ги изложува грините на воздух и сончева светлина, што ги дехидрира и предизвикува нивна смрт – советува Раџ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi