
Одличен лек за обновување на оштетената кожа
Поради богатството на хранливи материи и антиоксиданси кои благотворно делуваат на здравјето и изгледот на кожата и косата, маслото од арган се нарекува и „течно злато“.
Ова е уште еден подарок на природата за кој сигурно сте слушнале.
Иако звучи како нешто егзотично, всушност го има во многу производи за нега на убавина, а сега ќе разберете зошто.
Кожа
Аргановото масло е фантастичен навлажнувач. Покрај тоа, одличен борец е против стареењето на кожата, бидејќи ја намалува видливоста на брчките и ја враќа еластичноста на кожата. Згора на сето тоа и дава убав, природен и младешки сјај.
Ако се користи редовно и на правилен начин, ја прави кожата мазна и здрава. Арганот се смета за најголем природен извор на витамин Е, кој обезбедува младешки изглед на лицето.
Ова масло е исклучително лесно и брзо се апсорбира, поради што спаѓа во таканаречените „суви масла“ кои не ја оптоваруваат кожата и не создаваат чувство на тежина на лицето. Аргановото масло се нанесува на кожата со ставање две капки на чиста, влажна кожа и масирање. Овој процес се прави наутро и навечер.

Коса
Аргановото масло е богато со витамин Е и незаситени омега-3 и 9 масни киселини, па поради овие хранливи состојки е посебно наменето за ревитализација на сува и оштетена коса. Поради неговите корисни ефекти, ова масло е честа состојка во многу производи за нега на коса.
Аргановото масло за коса најдобро се нанесува после миење, кога косата е сеуште влажна. Освен што ќе и помогне на косата побрзо да се исуши и чешла, ќе биде и најефективно, бидејќи ќе ја негува од корен до врв и ќе ја направи сјајна.
Секако може да се примени на сува коса, доколку е потребна дополнителна нега. Поради својата посебна формула, косата ќе изгледа поздраво и посјајно, но не и мрсно. Треба да протриете неколку капки низ дланките и да поминете со рацете низ косата.