Чајот од листовите од малина е познат уште од античко време и жените со право го користеле за ублажување на разни болки и зајакнување на матката.
Листот од малина е богат со магнезиум, калиум, манган, селен, калциум, фосфор, цинк, а особено железо. Добар е за кожата, го зајакнува имунитетот и дава енергија.
Големите количини на витамини Ц, А, Е и Б го прават едно од најздравите растенија и полн погодок за зајакнување на организмот.
Овој чај се нарекува и женски чај, поради неговото влијание врз хормоните и затоа што помага при симптоми на менопауза.
За што е важен листот од малина:
ПМС – ја намалува депресијата, грчевите и нервозата
Менопауза – ги ублажува топлинските напади и промените на расположението
Бременост – Многу лекари препорачуваат чај од листови од малина за време на бременоста за полесно и побрзо породување, контракциите да се помалку болни, за ублажување на утринската мачнина и за подобра лактација.
Варење – помага при дијареа и гасови
Плодност – Се верува дека листовите од малина ја подобруваат плодноста
Рецепт за чај од малина со дополнителни билки:
½ чаши коприва
¾ чаши нане
¾ чаши луцерка
2 чаши листови од малина
Измешајте ги сите растенија и чувајте ги на ладно и темно место. Земете една или две лажички од оваа смеса и прелијте ја со врела вода. Оставете да отстои околу 5 минути, процедете ги листовите и засладете ги со мед по желба.