Го обвинувале дека е со неа заради парите, а таа му оставила огромен долг: Последната љубов на легендарната Едит Пјаф
Една од најпознатите француски шансониерки Едит Пјаф беше жена која цел свет ја обожаваше, т.е. која ја обожаваат луѓето ширум планетата. Сепак, нејзиниот живот не бил толку едноставен. Имала исто толку среќни, колку и трагични моменти бидејќи ја изгубила својата ќерка, а долги години се борела и со депресија.
– На крајот на краиштата, ние немаме контрола над нашите животи. Храброста лежи во тоа што ќе го чекорите својот пат до крај – изјави Едит Пјаф.
Таа во последните години од животот целосно се променила физички, на 47-годишна возраст била физички кревка, исцрпена, но нејзиниот живот ја изненадил. Ја запознала нејзината последна љубов, фризерот Теофанис Ламбукас. Тој бил 20 години помлад од пејачката.
Се запознале кога тој ја посетил во болница, кога и донел подарок од Грција во вид на кукла. Често доаѓал да ја посети, а на крајот ја запросил, кога таа го одбила, но не го избркала.
Тој можел да поминува часови седејќи на пијано и слушајќи ја Едит Пјаф, а не го интересирало тоа што таа е постара од него, тешко болна во тоа време, бидејќи лекарите и дијагностицирале артритис, а потоа и рак на црниот дроб.
– Водев ужасен живот, вистина е. Но, исто така, тој мој живот беше неверојатен. Затоа што пред се го сакав животот – изјавила Едит.
Младиот фризер стана втор сопруг на пејачката. Тие се венчаа во црква, а фановите набрзо го осудија Тео дека е со неа за пари.
Тој останал блиску до неа до крајот на животот, читајќи ѝ песни, правејќи и смешни скечеви, а останал со неа дури и кога таа престанала да го препознава. Нивната љубов траела 11 месеци.
„Не го заслужив мојот Тео, но сепак го добив…“, рече таа пред да умре.
Таа умрела во сон на 10 октомври 1963 година, а по нејзината смрт Тео останала со долгот на пејачката од 45 милиони франци. Таа пред смртта останала без пари кои ги потрошила на дрога и забава. Живеела на сметка на нејзиниот сопруг.
Тео почина 7 години подоцна и беше погребан до Едит Пјаф.