Гробови врежани во карпите: Необичен обичај кој привлекува многу туристи

popara9 јуни, 20221min00
62320944

Тие се карактеризираат со раскошно украсени влезови со класични столбови и нежни релјефи создадени од времето.

Она што на прв поглед изгледа како влез во храмот е всушност украсена фасада на антички ликиски гробници за кралеви и кралици кои се врежани во карпите.

Ликија е антички регион во југозападна Анадолија, односно денешна Турција, чии жители верувале дека нивните мртви биле носени во задгробниот живот од страна на магични крилести суштества.

62320947
62320944
62320945
62320946

За полесно да се преселат во другиот свет, Ликијците ги закопувале своите мртви на издигнати места како карпи.

Турскиот град Фетије се гордее со неколку вакви гробници, од кои некои датираат од 4 век п.н.е. Тие се карактеризираат со раскошно украсени влезови со класични столбови и нежни релјефи создадени од времето.

Од друга страна, нивната внатрешност е многу мала и едноставна.

Најголемиот меѓу нив е гробот на кралот Аминта кој бил изграден во подножјето на планината, на местото на античкиот град Телмесос приближно 350 години п.н.е. Оваа гробница е чест избор на многу туристи кои доаѓаат во Фетије за да ги истражат необичните погребни обичаи на Ликијците.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma