Густи веѓи со помош на САПУН: Усовршете го овој корисен ТРИК ЗА УБАВИНА (ВИДЕО)

9 февруари, 20220
6aa87e8a6ebbb52da4a4b5afce9b55f2fb2832f8

Сега во мода се густите веѓи сега

Како што модата се менува од година во година кога станува збор за гардероба, трендовите за убавина се исто така променлива категорија. Порано беа популарни веѓите кои се тенки како линија, додека во последните години во тренд се густите и природни веѓи.

Од таа причина, многу дами сакаат природно подебели веѓи, па успеваат на различни начини да имаат таков изглед. Сепак, не сите методи се подеднакво успешни, а некои се дури и болни.

Покрај производите за убавина и шминка како сенки и молив за очи, четкање и трајни или полутрајни тетовирани веѓи, густи веѓи може да се постигнат на многу поедноставен и безболен начин – со сапун.

Се препорачува да се купи сапун за чувствителна кожа, со цел да се избегнат можните алергии и иритации.

За почеток, земете го омиленото моливче или сенка за веѓи и обликувајте ги на вообичаен начин. Потоа исчешлајте ги. Потоа намокрете го сапунот и со четка за веѓи поминете преку сапунот, но внимавајте слојот да биде тенок.

Четкајте ги веѓите нагоре, а потоа во насока на растот на влакната. Не заборавајте да го исчешлате горниот дел од веѓите, а кога ќе ја добиете посакуваната форма и густина, натапкајте ги веѓите со прстите и готово – резултатот ќе ве воодушеви.

Во видеото подолу можете да видите како тоа всушност изгледа во пракса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi