Дали би носеле сендвич патики? Чинат 100 евра и се уште не си го нашле сопственикот

25 јануари, 20220
sendvic-patike00001-830x0

Сведоци сме на време кога, кога е модата во прашање, речиси се е дозволено. Дизајнерите, модните куќи и креаторите се натпреваруваат меѓу себе за да направат најнеобична, а многумина би рекле помалку нослива облека.

Минатата година познатиот моден бренд „Москино“ ја претстави новата колекција која ќе излезе оваа година, а се работи за здолништа во форма на хамбургери и фустани за хот-дог.

Оние кои планираат да ги носат овие парчиња, не мора да се грижат кои чевли да ги комбинираат, бидејќи и за тоа се погрижи популарната продавница за облека Dolls Kill.

Страницата Dolls Kill на социјалната мрежа Инстаграм ја следат повеќе од 3,8 милиони луѓе, а своите следбеници ги изненадија со „патики од сендвич“. Овие патики се направени да личат на сендвич: салама, зелена салата, сирење, лепчиња – сето тоа е таму.

Патиките од сендвич чинат 101 евро, 85 фунти, а судејќи по коментарите, нема да го најдат својот сопственик наскоро.

– Не, но навистина не! Некој да ми даде само една причина зошто би го носел ова – напишал еден човек.

– Можам да разберам сè, но … Луѓе, патики со сендвичи ?! Ве молиме не – додаде друг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi