Дали е ова најубавото село во Швајцарија? Место опкружено со шуми во кое ќе ве освои топлината на домаќините

popara5 ноември, 20221min00
62413730-morcote-morcote-svicarska-svicarska

На моменти ја чувствувате свежината на швајцарската природа, а потоа топлината на јужната архитектура во камен…

Малиот град Моркот се наоѓа на самиот југ на Швајцарија, покрај границата со Италија. Технички, тој е поблиску до градот Милано отколку до кој било поголем швајцарски град – можеби и затоа таа италијанска топлина се пробила до него.

Имено, Моркот се нарекува најубавото село во Швајцарија. Тоа е прилично смело тврдење со оглед на тоа како изгледаат швајцарските села, па ќе оставиме на окото на гледачот да одлучи додека се упатуваме кон брегот на езерото Лугано.

Езерото Лугано е дел од природната граница меѓу Швајцарија и Италија, а Моркот се наоѓа на падините на ридовите што го опкружуваат. Пред илјада години овде се наоѓал замок и пристаниште за увоз на стока од Италија, па така и во средниот век, Моркот имал голема автономија.

За жал, откако чумата ја опустоши Европа, само седум семејства преживеале во Моркот, а самиот град бил нападнат од конфликтните италијански градови. Конечно, го презела Швајцарија, а во 19 век следело забрзано економско закрепнување на градот, кое сè повеќе се насочило кон туризмот.

62133509
62133507
62133508
62133511
62133512
62133514
62133515
62133505
62133517
62133518
62133519
62133506
62133516

Од трите квадратни километри колку што е Моркот, дури 80 отсто од територијата е составена од шуми. Затоа, можете да ја замислите убавината на улиците затрупани во зеленило или глетката на старите цркви и дворци што само ѕиркаат од пошумените ридови. На моменти ја чувствувате свежината на швајцарската природа, а потоа топлината на јужната архитектура во камен.

Покрај брегот на езерото се наредени вили и куќи со дворови во цвеќиња. Зад нив започнува пат од дури 400 скалила кои водат до црквата Санта Марија дел Сасо. Овде ќе најдете стари фрески, ќе го слушнете звукот на оргулите и ќе уживате во шарената градина и раскошот на фонтаните.

Дали се сеќавате на споменатиот замок од 1000-та година? Сè уште е таму и се држи. Покрај тоа, тој е опкружен со лозја и тераси, каде што можете да вкусите одлични локални вина.

Станува сè појасно зошто Моркот било официјално прогласено за најубаво село во Швајцарија во 2016 година. Идеалниот сооднос на прекрасна природа и архитектура, мир и содржина, ќе ги воодушеви сите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag