
Овој трик дефинитивно ќе ви помогне да одредите дали ви треба поправка или нов замрзнувач
Замрзнувачот е одличен начин да се намали фрлањето храна, а со оглед на трошоците за живот, важно е тој да работи добро. Кејт Хал, експерт за уреди за ладење, откри интересен трик како да проверите дали вашиот замрзнувач ја замрзнува и лади храната правилно.
Според „Express“, се што треба да направите е да наполните мал сад до половина со вода и да оставите да замрзне. Кога ќе замрзне, ставете паричка на површината. Имено, ако вашиот замрзнувач работи правилно, паричката треба да остане на површината, а ако потоне, тогаш знаете дека не работи како што треба.
– Доколку откриете дека температурата е премногу ниска или мразот се топи, првото нешто што треба да направите е повторно да го прочитате упатството за употреба, бидејќи секако содржи совети од производителот за тоа што треба сами да проверите и да утврдите дали замрзнувачот е неисправен- советува Кејт Хал.