Дали знаете како функционира диетата со месо?

3 април, 20220
Screenshot_13

Диетата со месо може да биде добра за оние кои страдаат од побавен метаболизам и зголемен апетит.

 

Според нутриционистите, исхраната со месо понекогаш е подобро решение од другите диети за луѓето кои имаат проблеми со зголемен апетит и побавен метаболизам. Токму тоа ги мачи многумина кои ја поминале 50-тата година од животот.

 

Сепак, сите останати кои сакаат месо ќе бидат воодушевени од предлогот да се „заобиколи“ зеленчукот и да се полнат чиниите со храна од животинско потекло. Оваа диета делумно делува како кето диета – бидејќи не се внесуваат јаглени хидрати, телото почнува да ги разградува мастите и да ги користи како погонска енергија. Оваа состојба се нарекува кетоза. Кето диетата користи месо, јајца и сирења, но и помали количини зеленчук.

 

За диетата со месо, нутриционистите велат дека таа може да делува побрзо од кето диетата. Од храна од растително потекло, растителни масла се вклучени во исхраната, дозволени се маслинки, тиквички и тикви, а од овошје само бобинки. Инсистира на месо, особено на живина, но и на масното, „прошарано“ говедско, риба, а особено лосос, како и јајца и млечни производи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi