Дали знаете колку шеќер има во вашето омилено овошје?
Свежото овошје е најдобар начин да ја задоволите желбата за слатка храна. Овошјето изобилува со витамини, минерали, антиоксиданси и хранливи влакна кои му се неопходни на телото нормално да функционира. Но, сигурно сте се запрашале дали навистина овошјето е добро да се јаде во големи количини и колку шеќер содржи?
Доколку имате ризик за развој на дијабетес, или сакате да да го намалите внесот на шеќери во телото, табелата подолу сигурно ќе ви биде од помош.
Прочитајте кои овошја содржат најмногу шеќер, а кои најмалку. Вредностите се однеусваат на 85 g производ . Секогаш имајте на ум дека различните макронутритиенти ослободуваат различна количина на енергија. Енергетски гледано 1 g протеини ослободува 4 калории, 1 g јаглехидрати исто така ослободува 4 калории, додека 1 g масти ослободува 9 калории.
овошје | вкупно шеќери | вкупно калории |
малини | 3.7 g | 44 kcal |
јагоди | 4.1 g | 27 kcal |
рибизли | 4.2 g | 37 kcal |
папаја | 5 g | 34 kcal |
лубеница | 5.3 g | 25 kcal |
грејпфрут | 5.9 g | 36 kcal |
диња | 6.7 g | 29 kcal |
праски | 7.1 g | 33 kcal |
портокали | 8 g | 40 kcal |
кајсии | 7.8 g | 42 kcal |
сливи | 8.4 g | 39 kcal |
круши | 8.4 g | 49 kcal |
ананас | 8.4 g | 42 kcal |
боровинки | 8.4 g | 49 kcal |
јаболки | 8.8 g | 44 kcal |
мандарини | 9 g | 45 kcal |
киви | 9.2 g | 56 kcal |
банани | 10.4 g | 76 kcal |
цреши | 10.9 g | 54 kcal |
калинки | 11.6 g | 70 kcal |
манго | 12.7 g | 60 kcal |
грозје | 13.8 g | 57 kcal |
смокви | 13.8 g | 62 kcal |