
Сепак, секој има право на свој избор
Ако погледнете наоколу, веројатно ќе забележите дека се зголемува бројот на парови кои живеат заеднички живот и изјавуваат дека не сакаат деца.
Ова е сосема во ред затоа што секој има право да направи сопствен избор, а научниците овој феномен го нарекоа „динк“, што на е кратенка од англискиот термин „dual income, no kids“ а се однесува на брак или партнерство во кое и двајцата партнери имаат приходи, но не сакаат деца.
Потеклото на кратенката не е сосема јасно бидејќи тоа не е термин кој често се споменува во современата култура, па се верува дека терминот е измислен во осумдесеттите години на минатиот век.

„Хафингтон пост“ спроведе студија според која 27 проценти од сите американски семејства се ДИНК. Исто така, истражувањата покажуваат дека дури три четвртини од возрасните парови без деца немаат намера да имаат деца, а трендот продолжува да расте. Во Германија во 2019 година имало осум милиони парови без деца, а една година подоцна тој број се искачил на 8,62 милиони.
Чарли Карамана, репортерка, живее ДИНК живот и објасни како функционира.
– Не ме сфаќајте погрешно, јас и мојот сопруг сакаме деца и имаме одлични односи со помладите членови на нашето пошироко семејство, како и со децата на блиските пријатели. Всушност, со дополнителното време што го имаме, имаме и можност да создадеме посебни врски со децата на нашите пријатели – рече таа.