Многу едноставни, а апсолутно неодоливи: Волшебни пуслици полнети со чоколадо (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

25 ноември, 20220
Baka-8

Дури и најголемите почетници нема да имаат проблем да го подготват овој деликатес

Доколку сакате брз, но и вкусен десерт, пуслиците се секогаш избор број еден.

Подготовката не може да биде поедноставна, дури и за почетници.

А на овој деликатес е тешко да се одолее.

Пробајте го и уверете се сами!

Состојки:

3 белки

120 гр шеќер во прав

1 лажичка оцет

1 полна лажица густина

50 гр чоколадо со ориз

Подготовка:

Белките се матат со шеќерот (матете 10 минути), се додава оцетот и на крај густинот. Изедначете сè, а потоа со лажица ставете во калап со шприц и направете мал круг на дното на тепсијата.

Ставете малку чоколадо, па повторно покријте со шлагот правејќи круг. Тепсијата обложете со хартија за печење.

Се пече на 100-150 степени околу еден час.

Мора да бидат суви и да се ронат кога ќе ги притиснете со прстите.

Погледнете го упатството за подготовка чекор-по-чекор:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *