Дали облеката што ја носиме влијае на нашето расположение? Еве што е ДОПАМИНСКО ОБЛЕКУВАЊЕ и што кажува за вас

30 март, 20220
soping

Експертите го поврзуваат носењето облека со хормоните

Облеката што ја носите може да открие многу за вас, особено кога станува збор за боите.

Познато е дека во многу култури носењето црна облека значи загуба и тага. Од друга страна, црвената боја се смета за боја на љубовта, а експертите открија дека бојата на облеката може да влијае на тоа како ќе се чувствувате.

Во психологијата е познат терминот „допаминско облекување“ каде идејата е да носите облека која ќе ви го подобри расположението со својата боја, текстура и стил и ќе направи да се чувствувате подобро.

Што е допамин?

Допаминот е познат како еден од хормоните на среќата, заедно со серотонинот, кој силно влијае на расположението кај луѓето. Кога нивоата на допамин се на повисокиот крај од спектарот, имаме тенденција да се чувствуваме добро и расположено и да имаме поголема мотивација.

Пониските нивоа на допамин, од друга страна, може да предизвикаат негативни чувства кои се манифестираат со депресивно однесување, анксиозност, недостаток на енергија и мотивација.

Што е допаминско облекување?

Веројатно веќе знаете дека природните начини за зголемување на допаминот се редовен и мирен сон, физичка активност, слушање добра музика. Но, сега можете да ја додадете и својата облека на списокот.

Во суштина, допаминската облека е носење облека чии бои, текстура и стилови го поттикнуваат човекот да се чувствува добро. И не постои правило кое вели дека треба секој ден се облекувате во облека со силни дезени или светли бои.

Некои луѓе чувствуваат дека нивното расположение се подобрува кога ќе го облечат омилениот син џемпер или жолтите чорапи, но можеби некој друг ќе го почувствува напливот на допамин кога ќе облече елегантен црн костум и чевли. Во зависност од модните преференции, допаминското облекување ќе значи нешто различно за секој поединец, но на сите ќе им е заедничко тоа што избраната облека позитивно ќе влијае на нивното расположение, енергија и самодоверба.

И тоа е една од незгодните работи за допаминското облекување: дали можеме да го преиспитаме или отфрлиме начинот на кој се доживуваат одредени бои или стилови поради широко распространетите културни перцепции за тоа.

Но, во овој случај, се е до тоа како се чувствуваме кога носиме одредена боја, а не како општеството ни кажува дека треба да се чувствуваме (на пример, дека црното не прави да се чувствуваме тажни) или ако носиме розе дека сме детинести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi