Дајан Китон тврди дека Ал Пачино не требало да глуми во „Кум“

popara10 август, 20221min00
house-of-gucci-premijera-njujork-40-830x0

Сепак, актерот ја добил улогата

Актерката Дајан Китон тврди дека Ал Пачино не требало да го игра Мајкл Корлеоне во филмот „Кум“. Холивудската ѕвезда за време на едно интервју објасни и зошто.

– Се пријавив на аудиција за „Кум“, за кој никогаш ништо не сум прочитала и ништо не знаев, и само бев таму, стоев како и секоја друга жена. Не знаев зошто бев таму. И ме фрлија во таа улога! – изјави Китон за „Entertainment Tonight“.

Таа наведува дека продуцентите на филмот не го сакале Ал Пачино за улогата, но на крајот тој ја добил.

– Никој не го сакаше Ал Пачино. (Продуцентите) Не сакаа тој да ја игра улогата, а мене веќе ми беше доделена… Па застанав и работевме заедно пред продуцентите и тие му ја дадоа работата. Дали верувате во тоа? Откако претходно беше на аудиција и не го сакаа – рекла актерката, пренесува „avclub.com“.