Да не биде сува и оштетена: РУСАТА коса ќе изгледа ГЛАМУРЗНО и заводливо, само ако ја одржувате на овој начин

25 март, 20220
shutterstock_1512225776

Таа има потреба од посебна грижа

Факт е дека бланширањето е крајно ризичен потег кога станува збор за промена на имиџот.

Тајната не е само во вештината на избраниот фризер, туку и во начинот на кој ја одржувате косата по третманот.

Бланшираната коса на почетокот бара посебна нега. Доколку сакате здрава и негувана коса, виолетовиот шампон кој го измива жолтиот пигмент е еден од вашите главни сојузници.

Покрај купувањето на споменатиот шампон, водете сметка и за тоа како ја третирате косата.

Мијте ја со поладна вода

Според познатиот Vogue, русата коса треба да ја третирате како скапа облека што мора да се пере на рака. Користете поладна вода, благи шампони и регенератори без сулфати.

Избегнувајте топлина

Посебни правила треба да се применуваат кога станува збор за стилизирање на косата. Избегнувајте пегли, фигаро и други алатки за стилизирање базирани на топлина.

Заменете ги со витлери и ленти за виткање, а доколку навистина морате да ги користите, не прескокнувајте ја употребата на средства за заштита од топлина.

Хидратација и длабока нега

Употребата на регенеративна маска еднаш неделно треба да стане ваша редовна пракса. Бидејќи дополнително ја сушат косата, која веќе е малку оштетена од бланширањето, избегнувајте лак, пена или гел за обликување.

Одржување на должината

Расцветаните врвови се особено забележливи на русата коса, па затоа редовното шишање е апсолутно неопходно за да изгледате уредно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi