Кога сакаме да го исчистиме домот, најчесто користиме штетни хемикалии и тоа често.
Овде ви нудиме многу добро решение за отстранување и чистење мувла. Состојката е масло од чајно дрво, кое има лековити својства.
Маслото од чајно дрво има силни антисептички својства, добро е за лекување на воспаленија, а исто така и за респираторниот тракт и проблеми како бронхитис, туберкулоза, астма…
Добар е и за кожата, како и за лекување на осип и изгореници.
Овде ќе ви покажеме како да направите супер спреј за да ги убиете бактериите и мувлата во вашиот дом. Подобро е да го користите овој природен раствор отколку да се труете со хемикалии.
Потребни состојки:
2 чаши вода
2 мали лажици масло од чајно дрво
Подготовка:
Измешајте ги овие состојки и ставете ги во шише со распрскувач. Само испрскајте ги валканите места, оставете да се исуши некое време, а потоа отстранете го со крпа, пренесува „Мегагига“.