Девојчето кое го покори светот со нејзината убавина поминала низ пекол: „Никој не ми веруваше, а тој ми го спаси животот“

popara19 август, 20221min00
profimedia-0693400465-830x0

Француската манекенка Тилан Блондо од 2007 година ја нарекуваат „најубавата девојка на светот“, а тој ласкав прекар не го добила баш така, но открила непознати детали за нејзиниот приватен живот.

Се вели дека Тилан Блондо „го погодила генетскиот џекпот“, кариерата ја започнала на само четири години, додека првата насловна страница ја красела на шест години, а тие фотографии го обиколиле светот со брзина на светлината, но сепак нејзиниот влез во светот на манекенството во раното детство значеше и дека убавата Тилан немала нормално детство и дека морала рано да научи што значи ред, работа, напорна работа, дисциплина и како да заработиш пари.

Скандалот што ја одбележа нејзината кариера на самиот почеток за малку ќе и ја уништел иднината, со оглед на тоа што случајот со насловната страница на „Candeaux“ каде позирала како 10-годишно девојче облечено како возрасно девојче во деколтиран фустан со високи штикли, го шокираше целиот свет.

И покрај тоа, Тилан успеа да ја надмине спорната ситуација и да продолжи да гради кариера во тишина. Последните години за неа се пишуваше само поради нејзиниот деловен успех до крајот на 2021 година, кога самата откри дека е во животно загрозувачка ситуација.

Таа на своите мрежи најпрвин објавила фотографии од болницата, а потоа признала дека имала неколку операции откако и пукнала циста на јајниците.

– Три месеци после тоа, стомакот повторно почна да ме боли. Сите мислевме дека тоа е поради операцијата. Годинава бев кај три различни гинеколози, бев во повеќе од четири радиолошки центри во Париз и сите ми велеа: „Не грижи се, се е во твојата глава“.

Тилан по четири дена завршила во итната медицинска помош, кога повторно ја увериле дека се е во ред и дека ќе има контрола за неколку месеци. Сепак, за среќа, еден од лекарите видел огромна циста на јајникот и, како што самата признава, и го спасил животот.