ДЕКЕМВРИ ЌЕ ИМ БИДЕ НАЈСРЕЌНИОТ МЕСЕЦ: На овие хороскопски знаци СЀ ќе им се оствари до крајот на годината!

25 ноември, 20220
shutterstockemomannasl_2018927312

5 хороскопски знаци во декември 2022 година ги следи голема среќа! Откријте кој ќе биде во добро расположение, ќе напредува и ќе има многу љубов!

 

 

 

Бик

Бикот е еден од најсензуалните хороскопски знаци, а за време на празниците и магичниот декември неговите страсти и чувството за убавото уште повеќе се зголемуваат. Декември е време кога можете да се препуштите на работи кои ве опуштаат. Можеби се работи за масажа, танц или нешто слично.

Прифатете ја вашата сензуалност на сосема нов начин. Ако сте во врска, обидете се да се поврзете со вашиот партнер на сосема нови начини, правејќи нешто што никогаш досега не сте го направиле.

Знаеме дека не ги сакате промените, но кога ќе се осмелите да направите нешто сосема ново, ќе откриете колку е навистина забавно.

 

 

Рак

Сезоната на празници е време на љубов за вас, нели? Во текот на декември и вие ќе бидете соочени со надминување на старите обрасци, кои ве спречуваат вистински да се опуштите во овој магичен период.

Отворете го срцето за нови можности и нови авантури. За тоа време уште подлабоко ќе ја почувствувате љубовта и врските. Но, ќе имате и прекрасна можност да оставите настрана некои стари лутини и да ги отворите вратите за нови луѓе.

Можете да израдувате многу луѓе во текот на декември, не заборавајте да си посветите малку внимание и пред се – одвојте време за себе.

 

Скорпија

Затемнувањето на Месечината во ноември активира многу работи во вашиот живот, но сега е време да дозволите турбуленциите да се смират и да се одморите.

Во вашиот знак е и Марс, планетата на страста, агресијата и сексуалноста. Искористете ја моќта на Марс за да ги остварите вашите желби. Во врските зачинете ги работите со нови начини на поврзување, а пред се со искрено изразување на чувствата.

 

Стрелец

Стрелец, декември е вашето време – го славите роденденот, но и со нетрпение очекувате нов почеток. За вас декември ќе биде и период кога со задоволство ќе се впуштите во нови авантури.

Не заборавајте дека понекогаш можете да ја подготвите авантурата дома со партнерот, да запалите свеќи и да подготвите романтична вечера.

Посветете им се на најблиските луѓе и подарете им го вашето срце на дланка во декември.

 

 

Јарец

Јарците сега можат да доживеат среќни моменти. Ова е добро време за врски, кои сега можат да се продлабочат.

Немојте да се изненадите ако запознаете некои нови луѓе за кои ќе се чувствувате како да ги познавате долго време.

Можеби сега се среќавате со нив, но можеби вашата средба е предодредена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *