
Нејзините следбеници во коментарите на актерката и порачаа дека таа и нејзиниот нов партнер изгледаат многу среќно и заљубено
Актерката Деми Мур на Инстаграм ги објави првите фотографии со своето ново момче, готвачот Даниел Хум.
Таа откри дека биле во Париз и објави заеднички фотографии кои се направени на овогодинешниот Ролан Гарос.
Нејзините следбеници во коментарите на актерката и порачаа дека таа и нејзиниот нов партнер изгледаат многу среќно и заљубено.

Хум е сопственик на синџирот елитни ресторани „NoMad“, како и на ресторанот „Davies and Brook“ во Лондон, а пред три години го поврзуваа со вдовицата на Стивен Џобс, но не е јасно во кој момент двајцата ја завршиле својата романса.
Тој беше виден и во друштво на Меган Маркл пред таа да се омажи за принцот Хари, а сега ја најде љубовта со 13 години постарата актерка.