
Освен што ниските зимски температури и загреаните простории ја сушат кожата, таа секојдневно е изложена на штетни надворешни влијанија. Загадувањето на воздухот е директно поврзано со видливи знаци на оштетување на кожата, а не е можно да се избегнат токсините.
Во зима помалку внимаваме на исхраната, помалку се движиме, поради празниците консумираме повеќе алкохол, а сето тоа доведува до таложење на токсини во телото, што се манифестира во нашиот најголем орган – кожата. Егзема, псоријаза, црвенило, се директни показатели за тешката борба на организмот со токсините, додека акните и митесерите најчесто се појавуваат поради несоодветни препарати кои ги нанесуваме на кожата. Детоксикацијата на лицето дава моментално видлив резултат бидејќи кожата е освежена, изгледа помлада, мазна и цврста на допир, брчките и линиите се помалку видливи. Детоксикацијата го забавува процесот на стареење на кожата благодарение на стимулацијата на клеточните функции.
Прв ден
За време на викендот за детоксикација на телото му е потребна храна богата со корисни состојки, па наполнете го фрижидерот со нив. Тоа се првенствено свежо овошје и зеленчук: јаболка, грозје, брокула, моркови и домати.
Втор ден
Подгответе чај од коприва, ѓумбир или глуварче. Овие билки се познати по своето антивоспалително дејство и по подобрување на работата на црниот дроб и бубрезите, а ќе ги елиминираат и темните кругови. Ако чувствувате потреба за кофеин, пијте зелен чај, кој е одличен извор на антиоксиданси. Масажата го забрзува исфрлањето на штетните материи од телото. Концентрирајте се на главните точки на лимфниот систем – вратот, пазувите, стомакот, препоните. Вечерта направете домашен третман за лице.
Трет ден
Пилинг за време на туширање ги буди сите сетила. Користете производи на база на кафе, кои ја забрзуваат циркулацијата и ги исфрлаат токсините од телото. Вежбите како што се брзо одење и јога го забрзуваат исфрлањето на токсините од телото. Длабокото дишење за време на вежбањето го стимулира лимфниот систем и обезбедува многу поголем внес на кислород. Обидете се да извршите движење на сонце или слични вежби кои ја забрзуваат работата на дигестивниот систем. Нанесете маска за лице навечер.