Американскиот милијардер и најбогат човек на светот Илон Маск (51) се сретна со папата Франциско, а на Твитер објави колку е привилегиран што се сретнал со Поглаварот на Римокатоличката црква.
Основачот на компаниите Tesla и Spacex, кој за малку ќе го купеше и Twitter, се појави со своите деца на овој важен настан.
„Чест ми е што вчера се сретнав со папата Франциско“, напиша Илон Маск на Твитер.
Оваа објава на Илон Маск создаде хаос на интернет.
„Прекрасна посета, мило ми е што ги гледам твоите деца со тебе, тоа е благослов“, „Децата на Илон Маск изгледаат како да се направени во машина за клонирање“, „Сите личат на него“, „Зошто момчето крена рака на крај?“, „Бој бенд“, „Четирите мускетари“, „Како му пораснаа децата“, „Клонови“, се само дел од коментарите кои можат да се најдат на Твитер.
Honored to meet @Pontifex yesterday pic.twitter.com/sLZY8mAQtd
— Elon Musk (@elonmusk) July 2, 2022
Големо внимание кај твитерџиите привлече и костумот кој го носеше најбогатиот човек на светот, за кој велат дека не е добар избор.
Да потсетиме, Илон Маск зад себе има три брака, двапати се ожени со иста жена. Тој има осум деца, а на фотографијата која кружи на интернет се неговите синови Грифин, Каи, Демијан и Саксон.
На фотографијата не е неговата трансродова Вивијан Џена Вилсон, која неодамна поднесе барање до судот во Санта Моника, Калифорнија, барајќи да го смени полот и името на Ксавиер Маск и во исто време да се откаже од презимето на татка си.
Маск не ја коментираше оваа одлука.