Како да проверите дали ТОЈ е вистинскиот маж за вас? Поставете си три КЛУЧНИ прашања!

3 јули, 20220
Ljubavni-par-2-2048x1365

Запознавте забавен и фин дечко, но не сте сигурни дали тој е „вистинскиот“?

Време е за момент да ги игнорирате вашите емоции и да си поставите неколку клучни прашања.

Иако ниту еднo од нив нема врска со вашите чувства, тоа не ја намалува нивната практичност и важност.

Дали е задоволен од работата?

Неговиот став за кариерата може да ви открие дали вашите животи се движат кон истата цел или не. Важно е да го прашате партнерот дали му се допаѓа тоа што го работи. Треба да процените и дали можете да ја балансирате неговата работа со вашата врска.

Каква била неговата последна врска?

Разговорот за поранешните партнери ќе ви покаже како тој ќе се однесува во иднина, кога ќе помине времето на неговото најдобро однесување и освојување. Темава можете да ја започнете така што, на пример, ќе го прашате: Како тоа супер тип како него е сингл?

Впрочем, тоа е комплимент кој дополнително ќе го поттикне разговорот. Зрелиот и сочувствителен маж обично ќе наведе некои од квалитетите на својот поранешен пред да почне да објаснува зошто работите не функционираат. Ако е нервозен, ја тресе ногата или е многу критичен, проблемот веројатно е во недостатокот на трпение и разбирање.

Како се справува со долгот?

Како прво, долгот не е секогаш лош. Човек со студентски долг се задолжил „паметно“, бидејќи тоа е инвестиција која ќе се исплати во иднина. Начинот на кој се однесува со парите е показател за неговиот карактер и одговорност.

Разговарајте така што лесно ќе можете да го свртите разговорот кон финансиите. Споменете му дека штотуку сте ја платиле сметката за вашата кредитна картичка и погледнете ја неговата реакција. Ако донел некои избрзани одлуки, во ред е се додека спомнува како си го подмирил долгот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi