ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Погледнете што велат ѕвездите за 30 јули 2022 година!

popara30 јули, 20221min00
horoskop-23.jpg

Овен (21.03 – 20.04)

Максимално сте им посветени на обврските и сакате да остварите напредок на полето за работа. Во љубовта не ви паѓа на памет да преземете иницијатива во односот со саканото лице, важно ви е само близината да не се загуби.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Трпите притисок од страна на надредените и не сте сигурни уште колку ќе можете да издржите на истото работно место. Во љубовта покажете му отворено на партнерот како се чувствувате ако сакате некои работи меѓу вас да се променат.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Немојте да им верувате на соработниците со кои немате некоја заедничка историја во работата со која се занимавате. Во љубовта доколку сте слободни, ви се ближи средба со лицето со кое сте имате многу силна хемија и привлечност.

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе ви биде потребно многу големо трпение за да можете да дојдете до остварување на сите ваши планови. Во љубовта оставете работите да се одвиваат спонтано, кога станува збор за зближувањето со лице кое ви се допаѓа.

Лав (23.07 – 22.08)

Важно е да учите од грешките и да не ги повторувате. Покажете си на себе и на другите дека сте подготвени да напредувате. Во љубовта малку сте разочарани од саканото лице бидејќи некои нешта не испаднале онака како што сте сакале.

Девица (23.08 – 22.09)

Финансиската ситуација постепено се подобрува и конечно имате вистинско чувство на олеснување поради тоа. Партнерот ви е верен и максимално е посветен на односот со вас. Уживајте во вниманието кое го добивате.

Вага (23.09 – 22.10)

Успеавте да решите некој проблем кој го имавте на деловен план и горди сте на себе поради тоа. Во љубовта имате потреба отворено да ги покажете емоциите кон својот партнер. Можно е тоа малку да го збуни.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сте се ослободиле од финансиските потешкотии и сега се ви оди многу полесно. Задоволни сте со подобрувањето кое сте го оствариле. Во љубовта ве очекува интересна средба со една личност со која имате многу силна хемија.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денот не е претерано поволен за нови договори па немојте да очекувате преголеми промени денес. Во љубовта ви одговара вниманието кое го добивате од личноста кога ви се додворува но можно е вие да не сте сосема заинтересирани.

Јарец (22.12 – 20.01)

Многу сте одлучни и нема да дозволите било кој да влијае на вашето донесување на одлуки на деловниот план. На љубовтото поле понекогаш сте склони да претерувате со негативниот став во коминикацијата со саканото лице.

Водолија (21.01 – 19.02)

Можно е да немате баш најдобра комуникација со деловното опкружување и да сте прилично незадоволни поради тоа. Во љубовта можете да очекувате позитивна ситуација и многу убави промени на ова поле.

Риби (20.02 – 20.03)

Подготвени сте за нови предизвици на деловниот план. Во себе имате многу енергија за докажување. Во љубовта можна е пролазна авантура со лице кое не го познавате доволно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma