ДОДЕКА ПОРАНЕШНАТА МУ ГО ЗАГОРЧУВА ЖИВОТОТ, ТОЈ НАЈДЕ НОВА ЉУБОВ: Џони Деп не може да и одолее на оваа убавица! (ВИДЕО)

13 мај, 20220
278735_screenshot-4_ls

Познатиот актер поминува низ вистинска драма кога е во прашање приватниот живот.

Џони Деп беше со најубавите жени на светот, меѓу кои и Кејт Мос, Ванеса Паради, Џенифер Греј, но со ниту една немаше вистинска љубов.

Моментално во фокусот на сите светски медиуми е неговата пресметка со поранешната сопруга Амбер Херд, која ја тужеше за клевета вредна 50 милиони долари поради написот што таа го напиша во Вашингтон пост за наводно семејно малтретирање, пишува „Glossy“.

Сепак, повторно се шпекулира дека Џони си нашол нова девојка.

Во 2020 година, Џони Деп беше фотографиран со мистериозна жена во познат паб во Белгравија, Лондон. Гласините брзо се проширија, а многумина се прашуваа дали претстои нова љубовна романса.

Сега повторно во јавноста се шпекулира дека Деп влегол во љубовна врска со својата адвокатка Камила Васкез.

За време на судскиот процес против неговата поранешна сопруга, Деп и Камила, која е негова адвокатка во тужбата против поранешната сопруга, биле во постојан контакт, а меѓу нив била забележана одредена блискост. Поради тоа почнаа да се шират приказни дека овој пар тајно се гледа надвор од судницата.

Но, набрзо се појавија информации дека ништо од тоа не е вистина, дека меѓу нив нема ништо друго освен професионален однос.

Џони Деп е генерално пријателски расположен и е многу близок со луѓето кои работат во неговиот правен тим. Не може да се негира дека Камила Васкез му е интересна на Џони Деп, а доказ за тоа се нејзините фотографии во јавноста на кои се гледа дека таа се смее и дека е многу расположена кога е во негово друштво.

Сепак, од друга страна, во медиумите може да се прочита дека Васкез со месеци е во врска со Британец кој е продавач на недвижности.

Останува само да се види со текот на времето дали овие тврдења навистина ќе се остварат или се ќе остане само озборување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *