ДОКАЖАНО! НАВИКА KOJA ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД РАНА СМРТ: Еве кога се менува сѐ – жените губат ДВЕ ГОДИНИ од животот!

15 јули, 20220
Screenshot_11

Најновото големо истражување откри дека една навика во исхраната која повеќето од нас ја практикуваат го зголемува ризикот од рана смрт.

 

 

Истражувачите од Универзитетот за јавно здравје и тропска медицина Тулејн во Америка ги анализираа податоците на 500.000 возрасни лица кои се дел од британската Биобанка.

 

Во таа прилика откриле дека оние кои ја солат храната имаат 28 отсто поголем ризик од рана смрт во споредба со оние кои не јадат солена храна.

 

Студијата, која беше објавена во European Heart Journal, ги следеше навиките во исхраната на учесниците во период од девет години, а авторите на студијата рекоа дека наодите сугерираат неколку импликации за јавното здравје.

 

На 50 години, мажите губат година и пол, а жените 2,28 години во споредба со оние кои никогаш или ретко додаваат дополнителни зачини.

 

„Колку што знам, нашата студија е прва што ја процени врската помеѓу додадената сол во храната и прераната смрт“, вели водечкиот автор професор Лу Ки.

 

„Додавањето сол во храната за време на оброците е вообичаено однесување во исхраната што е директно поврзано со долгорочното претпочитање на поединецот за солена храна и вообичаеното внесување сол“, објасни тој.

 

„Во исхраната на западните земји, додадената кујнска сол сочинува 6-20 проценти од вкупниот внес на сол и обезбедува единствен начин да се процени поврзаноста помеѓу вообичаеното внесување натриум и ризикот од смрт“, додаде тој.

 

Ки рече дека студијата обезбедува нови докази дека менувањето на индивидуалните навики во исхраната, како што е намалувањето на внесот на натриум, „веројатно ќе доведе до значителни здравствени придобивки“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi