ДОКОЛКУ ПОСТОЈАНО ЧУВСТВУВАТЕ ГЛАД Еве десет совети како да го потиснете апетитот и да изгубите тежина

23 март, 20220
590019_shutterstock-1030508326_f

Сите барем еднаш сме поминале период кога постојано чувствуваме потреба да јадеме нешто. Тоа може да биде предизвикано од недостаток на сон, промени во годишните времиња или нарушување во лачењето на одредени хормони. Сепак, она што е важно е да се утврди причината за ненаситниот глад.

Причината за постојаниот глад често може да има психолошка природа, па прво запрашајте се што ве прави незадоволни.

Колку пати сте држеле диета, сте изгубиле 2,3 килограми, а потоа сте вратиле 5. Диетата во многу случаи не функционира. Доколку сакате да се ослободите од напорното чувство на постојан глад, пробајте ги овие неколку совети.

  1. Јадете повеќе риба

Рибата содржи многу висококвалитетни протеини и омега-3 масни киселини, а тие го зголемуваат чувството на ситост.

  1. Уживајте во други протеини

Додавањето висококвалитетни протеини во вашиот оброк ја подобрува ситоста. Заедно со рибата, јадете месо и јајца. Ова е особено важно за вашиот прв оброк во денот. Конзумирањето јајца и масни протеини за појадок ќе направи да се чувствувате сити цел ден.

  1. Житарици

Храната богата со растителни влакна нè прави сити и на тој начин го намалува гладот. Киноата е одличен извор на протеини и е богата со растителни влакна. Одлични опции се и овесот и хељдата, за кои исто така се покажало дека ја подобруваат ситоста, пишува 24sata.hr.

  1. Јадете повеќе зеленило

Големи количини зеленчук (како салати) пред оброците може да ја зголемат ситоста и да доведат до намалување на внесот на храна. Зелените растенија како спанаќот се богати со тилакоиди кои го намалуваат гладот, ја зголемуваат ситоста и ја намалуваат желбата за храна.

  1. Мешунки

Мешунките, кои вклучуваат грав, грашок, боранија и слично, се одличен извор на протеини и се полни со влакна. Ваквата храна придонесува за ситост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi