Домашен сапун против дамки: Се прави од само 4 состојки

12 февруари, 20220
sapun-830x0

Куповните средства против дамки ќе бидат минато

Снаодливи и економични, во минатото, домаќинките сами правеле домашни сапуни со кои ги отстранувале дамките од облеката, теписите и мебелот.

Времињата се сменија, наместо природни средства почнаа да се користат хемиски, кои не секогаш ги даваат посакуваните резултати.

За оние кои сакаат сами да направат сапун за перење или отстранување на дамки, имаме одлична вест, бидејќи ви претставуваме еден лесен рецепт.

Не ви требаат многу состојки за да направите сапун. Овој потфат е првенствено креативен и забавен, а како краен резултат ќе добиете фантастичен домашен сапун против дамки.

Состојките што ви се потребни се:

300гр растителен сапун

3л вода

150гр калцинирана сода

20 капки етерично масло по избор

Билниот сапун изрендајте го на поголемо ренде, а водата загрејте ја во поголемо тенџере. Кога водата ќе зоврие, додадете го целиот сапун и цело време мешајте додека не се растопи.

Намалете ја температурата и тргнете го тенџерето од ринглата, па полека додајте ја содата. Тенџерето вратете го на рингла и цело време мешајте додека не се растопи содата, за да не остави бели траги на облеката.

Смесата ќе почне многу брзо да се згуснува.

Исклучете ја ринглата и оставете го тенџерето врз неа, па додадете го етеричното масло и убаво измешајте. Кога смесата ќе се излади, истурете ја во калап и оставете целосно да се излади.

По неколку часа, сапунот е подготвен за употреба. Втријте го сапунот директно на дамката и оставете го 15 минути, а потоа исплакнете со чист сунѓер и вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi