ДОМАШЕН СЛАДОЛОД ОД ВИШНИ! Освежително уживање на кое никој не може да одолее

10 јуни, 20220
381832_x4_f

Летото се ближи, а сладоледот е еден од омилените десерти. Затоа е вистинско време да направите домашен сладолед од вишни кој ќе биде подобар од купечкиот

Состојки:

300 гр замрзнати вишни

150 гр шеќер

кесичка ванилин шеќер

3 дл кисела павлака

3 дл слатка павлака

неколку капки ракија од вишна

Подготовка:

Одмрзнете ги вишните. Одвојте третина, а остатокот од овошјето со шеќерот и ванилиниот шеќер варете го на силен оган додека да добиете иста густина како џем. Оставете добро да се излади.

Подготвеното овошје измешајте го со павлаката, па додадете неколку капки ракија од вишни. Изматете ја слатката павлака, додадете ги излупените вишни и смесата од павлаката. Нежно мешајте додека смесата не се соедини.

Кремастата смеса ставете ја во пластичен сад со капак, а потоа чувајте ја во замрзнувач. Послужете го сладоледот со бисквити.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi