ДОМАШНО СРЕДСТВО ПРОТИВ МУВИ И КОМАРЦИ ЗА ПОМАЛКУ ОД 50 ДЕНАРИ: Ефекасно како од продавница, а потребни се само 2 состојки

5 јули, 20220
sredstvo-protiv-komaraca

Направете сами домашен препарат против инсекти, состојките ќе ги најдете во секоја продавница!

За да се ослободите од досадните инсекти, муви, комарци и разни летечки штетници, не мора да трошите пари на скапи производи. Направете сами течност која ефикасно ќе ги неутрализира.

За да се опуштите дома и во природа, без страв од убоди од инсекти, можете сами да подготвите ефикасен „лек“ кој сигурно ќе ги избрка. И што е најважно, ова средство е целосно безбедно за деца и луѓе со ослабен имунитет.

Магично средство

Подготовката на оваа течност е исклучително едноставна и евтина! Потребни ви се само две состојки, и двете можете да ги најдете во која било продавница, а нема да потрошите повеќе од 50 денари!

Во мала стаклена тегла ставете 25-30 каранфилчиња и прелијте со 50 мл алкохол. Добро затворете го капакот и оставете го на темно, ладно место 7-10 дена.

По ова време, ќе добиете темна течност со прилично силен мирис. Попрскајте ги просториите со растворот и бидете сигурни дека инсектите ќе се разбегаат! Исто така, одлична идеја е течноста да ја нанесете на прозорците, вратите и завесите и на тој начин да ги спречите „штеточините“ да влезат во вашиот дом.

Доколку сте во природа и не ви пречи мирисот на каранфилче, истурете го средството во шише со распрскувач и испрскајте ја облеката. Ќе бидете целосно заштитени!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *