ДО ТРИ нијанси посветла: Сами направете ДОМАШНА ФАРБА за коса, а ефектот ќе ве воодушеви!

12 јануари, 20220
18034_shutterstock-674002873_f

Конечно се најде решение за домашна „боја“ која ја осветлува косата дури за две до три нијанси.

Маска од цимет:

За да ја подготвите оваа маска, потребни ви се следниве состојки:

3 лажици мед

3 лажици цимет

5-6 лажици балзам за коса

Количината на овие состојки е прилагодена за една употреба на подолга коса. За коса со средна должина (до рамената) преполовете ја количината.

Подготовка:

Измешајте ги медот и циметот во стаклен или пластичен сад. Полека мешајте за добро да се соедини. Кога смесата ќе се изедначи, додадете го вашиот балзам за коса. Повторно добро промешајте и „фарбата“ е готова за нанесување.

Постапка:

Прво добро измијте ја косата на вообичаен начин. Кога косата ќе се исуши, исчешлајте ја со широк чешел и поделете ја на прамени. Нанесете ја смесата на косата со четка за фарбање и погрижете се темелно да го обоите секој прамен. Доколку ви е попогодно, смесата можете да ја нанесете и со раце, втривајќи ја во косата. Внимавајте да не нанесете на лицето бидејќи може да предизвика благо црвенило и иритација. Исто така, не тријте ја смесата во скалпот.

Кога ќе ја нанесете маската, подигнете ја косата и замотајте ја во мала пунџа. Над неа ставете најлонска кеса и крпа и држете 30 минути. Потоа извадете ја крпата и држете ја најлонската кеса уште 4-5 часа. Потоа темелно исплакнете ја косата со топла вода.

Со користење на маската за коса со цимет, не само што можете да ја постигнете саканата боја, туку и ќе ги зајакнете фоликулите на косата и ќе го забрзате растот на косата. Сето ова се должи на фактот дека циметот е богат со витамини и антиоксиданси. Доколку сакате косата уште повеќе да ви се осветли, повторете ја постапката неколку пати.

Бринетите треба да бидат потрпеливи и да ја повторуваат постапката неколку пати. Се случува и да нема резултати, се зависи од структурата и бојата на косата. Но, во секој случај, пробајте, не ве чини ништо. По маската со цимет, косата сигурно ќе добие мека, свиленкаста текстура и ќе се обнови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi