ДРАМАТА ПРОДОЛЖУВА: Џони го објави првото видео на Тикток, а потоа СЕ ОГЛАСИ Амбер, БЕСНА! (ВИДЕО)

popara8 јуни, 20221min00
281791_screenshot-1_ls

Нема запирање. Судењето заврши, но драмата меѓу Амбер Херд и Џони Деп продолжува.

Џони Деп вчера креираше профил на „TikTok“, на кој набрзо го објави првото видео, заблагодарувајќи им се на своите фанови за поддршката што му ја покажаа во последните два месеци.

„До сите мои драгоцени, лојални и непоколебливи поддржувачи – бевме насекаде заедно, видовме сè заедно. Одевме на ист пат заедно. Ја направивме вистинската работа заедно, и сето тоа затоа што се грижите. И сега сите заедно ќе одиме напред.“ напиша тој со видеото.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Набргу потоа, Амбер Херд проговори преку менаџерот и одговори на видеото на Деп.

„Додека Џони Деп вели дека „оди напред“, правата на жените одат наназад“, рече таа, пренесуваат странските медиуми.

„Пресудата им порача на жртвите на семејно насилство дека треба да се плашат да застанат во одбрана и да зборуваат гласно“, додаде таа.

Да се потсетиме, по пресудата изречена на 1-ви јуни, Херд јавно објави дека е многу разочарана од развојот на ситуацијата.

„Разочарувањето што го чувствувам денес е невозможно да се опише. Скршена сум што планината докази не беше доволна за да се спротивставам на несразмерната моќ и влијание на мојот поранешен сопруг“, рече Херд во изјавата објавена непосредно по читањето на пресудата во Вирџинија.

„Уште повеќе сум разочарана од тоа што значи оваа пресуда за другите жени. Тоа е назадување… Ја нагласува идејата дека насилството врз жените не треба да се сфаќа сериозно“, рече таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma