
Со само неколку детали, оваа елегантна комбинација може да стане идеална за секој ден
Актерката Ева Лонгорија не престанува да импресионира со својот едноставен и ефективен стајлинг. Нејзините аутфити се такви што секоја жена може да ги копира користејќи ја облеката што веќе ја има во својот плакар.
Токму таква комбинација носеше овој пат, составена од беж шорцеви, блејзер во иста боја и обична бела маичка.

Она што сите го забележаа беа „проѕирните“ штикли кои се идеални за оваа комбинација и елегантната ретро чанта која го „зачини“ целиот стајлинг.
Ева знае како златните и беж бои одлично се комбинираат, па носеше златни обетки, ланче, часовник и нараквица.

Најдоброто нешто кај овој беж комплет е фактот што можете да го носите во повеќе наврати. Ако го комбинирате како Ева, тогаш сте подготвени за ноќно излегување или опуштена вечера со пријателите, но доколку облечете патики и го извадите накитот, овој стајлинг добива тотално поинаква улога.