Еволуција на „Црниот мал фустан“ – Од обична скица стана најпосакуваното модно парче

popara9 август, 20221min00
1f741ceb8e86fd2250fd85aa4cc5cf9b9fb5c810

Малиот црн фустан е создаден за прв пат во 1926 година на цртеж на Коко Шанел. Таа тогаш го покажа својот фустан наречен „Форд“. Уредниците на магазинот „Вог“ решија овој фустан да го именуваат по тогашниот автомобил „Model T“, а првата верзија имаше долги ракави и беше изработена од црна свила со четири дијагонални ленти кои се протегаа по целата површина.

 

Според уредниците на „Вог“, овој фустан бил наменет за „жена со вкус“. И ако во тоа време црната боја се уште се поврзувала со тагата, модната куќа Шанел инсистирала црната да биде боја на секојдневната облека, за да стане синоним за елеганција.

Легендата вели дека дизајнерот Пол Поаре ја сретнал Коко Шанел на улица во мал црн фустан и ја прашал за кого и е жал, на што таа одговорила „За вас, господине!“

Малиот црн фустан ја виде својата најпозната екранизација со Одри Хепберн во филмот „Појадок кај Тифани“. Овој фустан на Живанши беше продаден на аукција во 2006 година за дури 765.000 долари на анонимен купувач.

Затоа редизајнирањето и давањето личен шмек на малиот црн фустан, актуелен веќе 90 години, е една од најпребирливите задачи што секој дизајнер кој сака класично парче во својата колекција ја става пред себе.