Четири навики кои ќе ви помогнат да се ослободите од зависноста од шеќер

9 август, 20220
676 (6)

Зависноста од шеќер е еден од најчестите проблеми на денешницата. Поради многубројните избори на грицки, слатки, сокови и слично, луѓето несвесно стануваат зависни од што повеќе шеќер.

Меѓутоа, ако сакате да направите промена за вашето здравје, намалувањето на внесот на шеќер би било добар начин да започнете.

– „Просечен човек од земјите на западниот свет јаде меѓу 60 и 70 килограми рафиниран шеќер годишно, а околу пет тони во текот на животот! Резултатите собрани со тестирање на животни покажуваат дека по внесувањето на големи количества шеќер има промени во мозокот кои се многу слични на оние кои настануваат по конзумирање наркотици“ – вели нутриционистката Наташа Ѓукиќ и открива како може да се ослободите од шеќерот.

Спијте доволно

Истражувањата покажаа дека правилниот сон ја намалува потребата на телото за шеќер и ги неутрализира хормоните кои предизвикуваат апетит.

Вежбајте и хидратирајте се

Секој кој вежба знае колку всушност е намалена потребата за шеќер после тренинг и колку е стабилно нивото на инсулин. Дехидрацијата може да предизвика желба за шеќер и јаглехидрати. На телото тогаш му недостасуваат минерали и хранливи материи и очајно ќе бара да ги надомести на кој било можен начин.

Внимавајте што пиете

Сите знаеме дека една лименка сода ја содржи препорачаната количина шеќер за цел ден, но дали сте ја погледнале етикетата на вашиот омилен енергетски пијалок? Шеќерот обично е втората главна состојка, а многу од нив содржат повеќе шеќер отколку газираните сокови.

Што можеме да јадеме?

Наместо слатки и слатки пијалоци, изберете овошје, зеленчук или цели зрна. Иако тие имаат и шеќер – јаболкото може да има околу 20 грама шеќер, бананата 14 грама, а слаткиот компир околу 7 грама – но, имаат нешто што го немаат слатките: вредни влакна кои можат да го задоволат чувството на глад и да ги поттикнат телото да го апсорбира шеќерот од овошјето. Овошјето и зеленчукот исто така обезбедуваат вредни хранливи материи како што се витамини, минерали и други хранливи материи наместо калории.

Постојат и други замени со кои можете да го намалите шеќерот. Наместо готови преливи за салата, користете маслиново масло, црвен вински оцет, италијански зачини и лук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit