Европскиот народ кој нема ништо против ако сакате да им ѕирнете во приватноста на нивниот дом

popara20 мај, 20222min00
62309659-nizozemska

Ако некогаш сте биле во Холандија, веројатно сте забележале дека куќите во таа европска земја немаат завеси. Лесната прошетка низ станбената зона, на пример Амстердам, ќе ви овозможи да ѕирнете во приватноста на многу домови без разлика дали сакате или не.

Дури и оние сопственици кои имаат завеси немаат потреба да ги влечат и да ги блокираат љубопитните погледи. Во културата на овој народ тоа е длабоко вкоренето однесување кое се толкува на неколку начини.

Повеќето ја поврзуваат оваа навика со протестантската или калвинистичката практика на покажување на својот дом. Добрите луѓе немаат што да кријат, па не користат завеси, ќе речат протестантите. Затоа недостигот на завеси е видлив во Скандинавија, во делови од Франција, Англија и Швајцарија.

Други посочуваат дека немањето завеси на прозорците е само уште еден начин да му покажат на светот колку се успешни, односно што поседуваат во својот дом – од најнов модел на ТВ до скап кауч.

Антрополозите Хилје ван дер Хорст и Жантин Месинг го истражувале феноменот во 2006 година и заклучиле дека недостигот на повлечени завеси во Холандија е поголем во тесно поврзаните заедници отколку во „отуѓените“ населби.

Исто така, оние кои не ги повлекувале завесите, повеќе се труделе да си го уредат просторот за живеење, а прозорците биле украсени со цвеќиња и уметнички дела.

На крајот на краиштата, Холанѓаните не сакаат завеси бидејќи не сакаат ништо да им го блокира погледот на светот. Ова беше уште поизразено неодамна кога многу земји воведоа карантин поради пандемијата на коронавирус, што го ограничи движењето на отворено само на најважните активности.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma