
Холивудската ѕвезда ги зголеми месечните исплати од 25.000 на 35.000 долари за неговата 15-годишна ќерка Анџела Ајрис Марфи Браун, откако нејзината мајка, со која тој имаше кратка врска, се пожали дека повеќе нема доволно пари.
Поранешната Спајс девојка Мел Би пред две години поднесе барање за зголемување на алиментацијата, барајќи дополнителна финансиска помош од актерот, популарниот полицаец од Беверли Хилс. Судските документи до кои дојде Дејли Мејл покажуваат дека родителите конечно постигнале нов договор за издршка на детето, откако Мел наведе „драматичен пад на приходите“.

Марфи и плаќа на поп-ѕвездата 25.000 долари месечно откако нивниот спор за татковство беше решен во февруари 2009 година. Со новиот аранжман, со кој марфи е идентификуван како актер со ‘исклучително висока заработка’, комичарот ќе плаќа дополнителни 10.000 долари месечно, пренесува „Мирор“.
Износот на издршката се пресметува „врз основа на разумните потреби на малолетното дете“, а исплатите ќе се вршат ретроактивно од октомври 2021 година додека Анџела не наполни 18 години. Сепак, во договорот стои дека мајката ќе биде одговорна за сите дополнителни трошоци. Ова може да вклучува здравствена заштита и осигурување, трошоци за образование и воннаставни активности. Марфи се согласи само да ги покрие адвокатските трошоци на нејзината мајка, кои овојпат изнесуваа 10.000 долари. Марфи има вкупно десет деца со пет различни жени, а на почетокот не сакал да има никаква врска со Анџела и нејзината мајка.

Мел ја роди Анџела на 46-тиот роденден на Марфи, 3-ти април 2007 година, а на 22-ри јуни истата година беше објавено дека ДНК тестот потврдил дека Марфи е таткото. На почетокот Марфи немал многу врска со неговата ќерка, тврдејќи дека Мел го зезнала и намерно забременила. Сепак, ова се смени во 2017 година. Мел зборуваше за нивната разделба во своите мемоари од 2018 година и рече дека благодарение на мајката на Марфи, Лилијан Линч, Анџела повторно се обединила со нејзиниот татко во мај 2017 година и дека тие двајца сега имаат блиски односи. Мел има уште две ќерки од претходната врска.