Сите знаеме за морската сол, повеќето користеле и хималајска сол, а дали знаевте дека постои и црна сол?
Ако ја вклучите црната сол во вашата редовна исхрана (наместо обичната), вашето тело ќе биде здраво и благодарно. Нутриционистите препорачуваат една кафена лажичка дневно како додаток на оброците, а за краток период ќе забележите подобрување на здравјето.
Според нутриционистите, ова е вистински еликсир за здравје и убавина, бидејќи придобивките што ги има за организмот се многубројни.
Црната сол се нарекува и индиска, а токму во оваа земја лекарите им ја препишуваат на пациенти кои имаат висок крвен притисок.
Бидејќи содржи мала количина на натриум, не создава опасност од зголемување на крвниот притисок и затоа е многу подобра опција од морската сол. Се препорачува и за ублажување на металоиди и гасови во цревата.
Како се добива црната сол?
Се добива од вулканските области на Пакистан и Индија, а се користи во индиската кујна како зачин, кој дава специфичен вкус на јадењата.
Црна сол за губење на тежината
Поради можноста за разградување на липидите и ензимите, оваа сол е многу ефикасна за намалување на масните наслаги. Едноставно заменете ја кујнската со црна сол и гледајте како килограмите си заминуваат.
Здравјето на косата
Оваа сол е одличен сојузник во борбата против опаѓањето на косата. Не е неопходно да се прават маски за коса, но придобивките ќе ги забележите само доколку почнете редовно да ја консумирате.
Минералите кои ги има во неа ќе влијаат на растот и зајакнувањето на косата. Покрај тоа, ќе ја направи вашата коса посјајна и погуста.
Мазна и здрава кожа
Таа е моќен сојузник за здравјето на кожата. Наместо хемиски пилинг, одберете третман со оваа сол што можете да го направите дома.
Додадете малку сол во водата за капење и направете пилинг. Делува и како лековито средство и особено е добро при испукани пети, отечени стапала, а лечи и брадавици.
Направете купка и потопете ги болните стапала во таа вода и оставете болката да помине. Најдобро би било да користите ладна или млака вода.